Македонија
9. December 2016 - 14:24

Шилегов: Планот за живот во Македонија е одговор на потребите на сите граѓани

Планот за живот во Македонија е одговор на потребите на сите граѓани на земјата, изјави носителот на листата за пратеници од опозициската коалиција предводена од СДСМ во шестата изборна единица Петре Шилегов на денешната прес- конференцијата во старата тетовска населба Два Бреста.

- Денеска е последниот ден од кампањата и сигурен сум дека имавте прилика во овој период да се запознаете со сите програми што беа понудени. Но, знам дека и добро се запознавте со Планот за живот во Македонија. Вие бевте дел од и го создадовте тој план. Тоа е планот што ќе одговори на потребите на сите нас, сите граѓани на Република Македонија, рече Шилегов кој активностите на последниот ден на изборната кампања.

Тој посочи дека на последниот ден од кампањата на сите им е јасно оти  промени ќе има и, вели, мора да има.

- Промените се можни и потребни само ако ја смениме оваа ненародна и режимска власт. Ве повикувам сите во недела заеднички, сплотени да излезете на бирачките места во најмасовен број и да го заокружите бројот 4, бидејќи единствено бројот 4 може да понуди квалитетни промени во нашите животи. Тука во шестка сме сите различни, но сите имаме исти проблеми. Токму заради тоа, сплотено треба да излеземе на гласачките места. Сите сакаме, добар, квалитетен, просперитетен живот за нас и за нашите деца. Сакаме да ја видиме Македонија средена и резвиена. Сакаме живот во Македонија и тоа можеме да го постигнеме заедно. Во недела ќе ја славиме победата, во недела ќе го славиме животот, во недела се враќа животот во Македонија, порача Шилегов.

Во рамките на денешните активности Шилегов со дел од останатите кандидати за пратеници од СДСМ и опозициската коалиција ќе дели промотивен материјал низ повеќе делови од Тетово, а ќе се сретне и со претставници од набљудувачи на изборите, од НВО Мост како и со здравствени работници, медицински персонал и здружението на дијабетичари. Тој вечерва ќе учествува на мини митингот на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово.