Македонија
27. May 2019 - 16:11

Шилегов не гледа причина за оставка

По вчерашната смента од позицијата потпретседател на партијата, Шилегов не размислува да си даде оставка од функцијата градоначалник. Реконструкцијата во партијата вели дека е одлука која следи по неговата оставка на партиската функција.  Ова бил чекор кон победа на следните парламентарни избори, а за тоа што го работел како градоначалник допрва ќе се види во пракса.

Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките што ги креирав и стратегиите што ги креирав во изминатата една и пол година како градоначалник за нашиот град, ќе видите и ќе знаете, така што креирањето на тие политики, реализцатијата на тие политики се нешта што допрва следуваат.

Премиерот Заев веќе најави дека оставки ќе бара и од градоначалниците по реакциите во јавноста за луксузното трошење и лошите резултати на локалните власти. Од владата потенцираат дека тие немаат механизам за санкционирање на градоначалниците освен политички да ги контролираат.

- Да не се трошат не транспарентно. Нашата власт е поделена и буџетите исто така. Централната власт и нема мн позиција од аспект на власт механизми да влијае врз тоа. Но секако има политички механизми. Контролата се прави по таа линија

Голем број реакции од граѓаните во изминатиов период има и за градоначалниците од албанскиот политички блок.