Македонија
24. April 2019 - 16:35

Шилегов најави разчистување на депониите во Карпош и Вардариште

Подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и неговото влијание врз здравјето. Со ваква цел, скопските градски власти денеска организираа акција за чистење на дивите депонии во сите 10 општини во главниот град. 

Во акцијата “Биди дел од чистата иднина” учествуваа студенти, професори, вработени во јавната администрација, амбасадорите на САД и Франција, како и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Првиот човек на Скопје најави дека за десет дена започнува чистењето на големата дива депонија во општина Карпош, по што ќе следи и дислокација на депонијата Вардариште. Како најодговорни за плањето на депониите, со што дополнително се загадува околината, тој ги посочи лицата кои што живеат во близина на местата кај што се фрлаат отпадните материјали.

Со цел воспоставување на ред во однос на хигината и депониите во градот, Шилегов информираше дека градските власти веќе го изготвиле Законот за комунална полиција и истиот е доставен до владата.