Шилегов: Набргу ќе излеземе со анализа за „Дрисла“
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска побара трпение од скопјани за состојбата со депонијата „Дрисла“ и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад. Најави дека набргу ќе излезат со целосна анализа.
Одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со депонијата „Дрисла“, тој потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.
- Во текот на вчерашниот ден кажав, уште малку трпение, како град и како институции набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во Дрисла, рече Шилегов
Тој денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар.
- Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје, потенцира Шилегов.
На новинарско прашање што се случува со елаборатите од Мининстерството за култура за спомениците Воин на коњ, Андон Ќосето и Мајка Тереза, Шилегов рече дека дел од градската администрација учествува во тие елаборати, кои се пред завршување.
- Во моментот кога ќе бидат завршени, ќе ги соопштиме на јавноста и ќе преземеме соодветни мерки, во рамки на нашите надлежности. Во дел од тие објекти Град Скопје се јавува како инвеститор без уредна градежна документација. Значи Град Скопје градел на диво, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок