Македонија
27. February 2020 - 11:40

Шилегов: Кровот на хемиското средно училиште е реконструиран во 2009-та година

50 искорнати дрва, кровот на средното хемиско училиште, неколку фасади на станбени објекти и објекти од проектот Скопје 2014 и фасадата на средното училиште Раде Јовчевски - Корчагин се оштетени во синоќешното невреме информира градоначалникот Петре Шилегов. 

Вели дека повредено е едно лице посочувајќи дека материјалната штета многу полесно може да се надомести.

Во однос на средното хемиско училиште чија фасада беше реновирана пред 6 месеци Шилегов појаснува дека кровот на бил реконструиран бидејќи тоа го направило министерството за образование во 2009 година.

Град Скопје издаде и неколку мерки за заштита од корона вирусот, им наложил на сите средни училишта да ги откажат сите екскурзии и патувања во Италија. 

Шилегов побара од директорите на училиштата да ја држат хигиената на највисоко ниво. Вели дека засега нема мерки за ЈСП но доколку биде наложено такво нешто дополнително ќе ја информира јавноста. 

 

Даниел Василев