Шилегов: Ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска на првиот ден на пролетта, симболично засадија десет декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров, каде присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и ученици од ова основно училиште.
– Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек, рече Шилегов.
Деновиве се работи на уредување на новиот парк Ибни Пајко зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, соопшти прес-службата на Град Скопје.
Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо