Бизнис
21. јуни 2018 - 19:42

Шилегов ќе бара од државата градот да ја добие топловодната мрежа

Кој ќе ги снабудва скопјани со парно греење од следната грејна сеозна.  Градоначалникот Шилегов  вели  дека ќе бара државаат на градот да ја врати мрежата за дистрибуција со топлинска енергија, нешто  што сега го работи БЕГ. Се надева дека  во август регулаторната комисија за енерегтика ќе почне  процес за доделување на  лиценците .

Реагираа од Балкан Енерџи. Од компанијата велат дека фирмите кои се во состав на БЕГ  се деловни субјекти кои поседуваат важечки лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Согласно обврските кои произлегуваат од овие лиценци, издадени според важечката законска регулатива и подзаконските акти, од страна на државната Регулаторна комисија за енергетика, компаниите во состав на БЕГ АД: Производство на топлина – Балкан енерџи, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи и БЕГ-Снабдување со топлина, функционираат редовно и согласно на своите деловни и оперативни планови ги реализираат сите планирани зафати, како и непоходните ремонти и подготовки на системот за грејната сезона 2018/2019. Сите наши активности се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите, се вели во дописот од Балкан Енерги Груп.

Лиценците кои ги поседува БЕГ за дистрибуција и производство на топлинска енергија се со рок од 35 години, а за снабдување на 10 години. Трите лиценци компанијата ги добила во 2013 година.

Шилегов посочи дека никој не влегува во правотот на БЕГ, се работи само на тоа државата да му ги врати ан градот мрежата и лиценците како што било и порано.