Македонија
26. December 2020 - 21:40

Шилегов: Казнет е Тик-Ток „фраер“ кој возел по вело-патека во Скопје

„Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката на „8-ми Септември“, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено“, соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вечерва на Фејсбук.

Тик ток “фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено ...

Posted by Петре Шилегов on Saturday, December 26, 2020

Денес на социјалните мрежи се појави видео од извесен Адријан, кој за да ја избегне гужвата во скопскиот сообраќај се качил на велосипедската патека, и тоа го снимил и објавил на Тик-Ток.