Шилегов: „Градски паркинг“ не може самоиницијативно да отстрани непрописно паркирани возила на Водно без полициска асистенција
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во коментар за непрописно паркирани автомобили на Водно денеска истакна дека Јавното претпријатие „Градски паркинг“ не може самоиницијативно да ги отстрани тие возила без полициска асистенција.
Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција Шилегов рече дека прашањето дали Градски паркинг праќа пајак служба на Водно треба да се упати на техничкиот министер за внатрешни работи, кој, како што вели, не знае да изврши обична техничка работа како отстранување непрописно паркирани возила на површини кои не се предмет на паркирање.
– Република Македонија има технички министер за внатрешни работи кој не умее и не знае да изврши една обична техничка работа, а тоа е да ги отстранува непрописно паркираните возила на површини кои не се предмет на паркирање, потенцира Шилегов.
Во Скопје, дополни, последниве месеци е невозможно да се види униформиран или сообраќаен полицаец кој ќе ги казнува сторителите на ситните прекршоци. Често ни се случува да имаме, токму заради неработењето на МВР, нагласи Шилегов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување