Македонија
18. December 2017 - 17:30

Шилегов ги слушна предлозите на граѓаните, инстант решение за загадувањето не постои

Поранешни функционери, инженери, засегнати граѓани ги образложија студиозно своите идеи и предлози како да се намали загадувањето во главниот град. Дел од препораките на 40 тината граѓани кои се одзваа на повикот од градоначалникот беа во Скопје конечно да се направи трамвај, да се обезбеди гас но и да запрат градежните активности. Граѓаните бараат построги казни за големите  загадуваат и редовни контроли на инспекциските служби и во текот на ноќта.

- Независно инспекциско тело  DA врши надзор и во трета смена, скалдиштата за дрва да бидат покриени за да не се мокри дрвото,  забрана за работа на најголемите печки од ноември до февруари, селекција на отпадот особено за иверици и пвц , редовно миење на улиците.

Меѓу нив имаше и иновативни со конкретен план па дури и предлози како да се соберат потребните средства за инвестиција. Улични светилки кои апсорбираат ЦО2, на сите колективни станбени објекти да се наложи инсталација за соларна енергија, да се сместат сите трговски субјекти во еден и да се ограничи нивното работно време до два дена во неделата.

Градоначалникот Шилегов задоволен од предложените мерки,  напомена дека сепак сите се согласни дека нема инстант решение кое може да се спроведе за еден ден. Надлежностите на градот се ограничени во однос на ограничување на сообраќајот, напомена дека голем дел од овие идеи на граѓаните веќе се дел од долгорочната стратегија на Градот Скопје.

Шилегов потсети дека минатата недела биле извршени 20 контроли и изречени се 3 казни на индустриски капацитети и отпадот ДРИСЛА . Во функција е бројот 193 каде граѓаните можат да пријават оган на отворено.