Шилегов: Ги прифаќам барањата на иницијативата „Го сакам Водно“
Од срце ги прифаќам барањата на иницијативата „Го сакам Водно“. Изминатите четири години направивме многу за омиленото место за рекреација на скопјани. Воведовме ред во паркирањето, воведовме бесплатни автобуски линии, набавивме нова противпожарна опрема и возила само за планината и организиравме спасителни служби за рекреативците. Парите од паркингот ги инвестиравме во нови детски содржини и во две патеки за планински велосипедизам, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Во соопштението од градоначалникот се наведува дека специјалниот Закон за Водно е заедничка заложба на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Владата.
-Изработката на просторниот план со зонирање на Водно како простор од посебен интерес за Скопје е исто така моја заложба и планирам да ја изведам во соработка со централните институции. Денес ги задолжив службите во градот итно да постапат по одлуката на Владата за прогласување на Водно во заштитена зона и да испратат барање до Агенцијата за Просторно Планирање за изработка на Просторен План за Водно, посочи тој.
Како дел од програмата, Шилегов вели дека недвосмислено изјавил оти нема да дозволи покачување на градежната линија и дека јужната обиколница на Скопје ќе биде избришан од новиот Генерален урбанистички план.
-За разлика од мојата противкандидатка, јас нема да сечам нова шума за нов коридор на жичницата до градот. Јас нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец. Јас нема да дозволам пробивање на нови патишта како што правеа нејзините сопартијци. Ниту пак ќе дозволам нови сончеви населби на падините на Водно, како што правеа нејзините другари, потенцира Шилегов.
Тој се надева на поддршка во вториот круг од локалните избори и плодна соработка со иницијативата.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува