Шилегов: Државна помош за фирмите како што е „Југохром“
Носителот на листата за пратеници од Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска изјави дека во изборната програма предвидуваат државна помош за фирмите како што е „Југохром“.
- Пред неполн еден месец, 720 луѓе ги загубија своите работни места. Државата наместо да помогне, ја внесе фирмата во административните лавиринти за поставување на филтри и луѓето останаа на улица. Низ цела општина Јегуновце се чувствува недостатокот од работни места. СДСМ во својот План за живот има програма во која на ваквите фирми ќе им дава државна помош со цел тие никогаш да не бидат доведени во ваква состојба и ниту еден граѓанин во Македонија и особено тука во Југохром да стравува дека ќе го загуби своето работно место поради административни грешки или финасиските неможности на фирмите, рече Шилегов.
Тој додаде дека предвидуваат просечната плата на крајот од мандатот да изнесува 30 илјади денари, а минималната 16 илјади денари.
- Административците во Македонија не треба да стравуваат за своите места. И нивните плати ќе се зголемуваат заедно со растот на македонската економија. Ќе има поголеми плати и за наставниците и за лекарите, изјави Шилегов пред комбинатот Јегуновце.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање