Шилегов: Безкомпромисна борба против загадувачите на животна средина
Се додека јас сум градоначалник безкомпромисна ќе биде борбата против секој кој што на каков било начин ќе ја загадува животната средина, дали амбиенталниот воздух, дали остатокот од животната средина, одговори денеска на новинарско прашање градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
– Тоа е налог што јас го имам дадено на Инспекторатот и мислам дека активностите на Инспекторатот на Град Скопје се сериозно видливи. Скопје нема да прави компромис со никого. Зборувам како институција, како град, изјави Шилегов на денешната промоција на новиот парк во населба Топанско Поле.
Тој рече дека градксиот инспекторат води во активностите на откривање и санкционирање на физичките или правните субјекти кои на каков било начин ја загадуваат животната средина.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море