Бизнис
12. April 2019 - 16:28

Шилегов бара повеќе пари за локалните власти од државниот буџет

Ново предупредување до локалните власти. Министерот Фазлиу побара да се спротистават на урабната мафија, да ги средат општините и да се справат со дивите депонии. По директниот повик да внимаваат на што ги трошат парите на граѓаните сега министерот им укажа да работат на инфраструктурата во своите општини.

Градоначалникот Шилегов побара владата да се откаже од централизирање на парите и да подели повеќе на општините. Тој смета дека животниот стандард на граѓаните  ќе се подобри само доколку продолжи процесот на децентрализација. Шилегов смета дека размената на  искуства со колегите од регионот  може да го  поттикне процесот на  дигитализација која градовите ќе ги направи поодржливи. 

За мене и како градоначалник на градот Скопје примарно е да ги подигнеме нивоата на услугите и на инфраструктурата во градот, а тие потоа сами по себе ќе ги генерираат другите економски процеси. / Владата едноставно ќе мора да се откаже од централизирање на парите исклучиво во буџетот на државата, бидејќи како што реков ќе мора да ги распредели на општините бидејќи како што реков секојдневието на граѓаните е тука во нивното соседство и подобро е да се финансираат средства во таа околина отколку во некој делови што се за нив апстрактни и несфатливи.

Пораките ги испратија по конференцијата која се одржа по повод генералното  собрание на здружението на локални самоуправи од Југоисточна Европа – НАЛАС. Учествуваа и градоначалници од регионот, министри и експерти  а преку видео порака поддршка добија и од еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Инаку оваа година извршната канцеларија на  НАЛАС е во скопје и за претседател е назначен  градоначалникот Шилегов. Во НАЛАС учествуваат 9000 единици на локална самоуправа кои претставуваат повеќе од 80 милиони граѓани од Југоисточна Европа.