Македонија
3. October 2020 - 12:54

Шилегов: 20 дена гужви за 20-годишен бенефит

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека во следните 20 години скопјани ќе имаат бенефит од реконструкцијата на неколкуте клучни улици во Градот кои го закрчија сообраќајот во последниот период.
 
Прашан зошто карантинот не бил искористен за реконструкција, рече дека во тој момент се работело на четири делници, а потоа почнал предизборниот период. Вели дека летоска не се работело за да не би протолкувано како предизборно одработување. 
 
Шилегов рече дека се прават сите улици одеднаш за да се искористи градежната сезона бидејќи кога ќе паднат температурите нема да може да се асфалтира.
 
 
Даниел Василев