Свет
23. јуни 2017 - 8:23

Шидло: Европа мора да стори повеќе за својата безбедност

Европа треба да работи повеќе за обезбедување на безбедноста на континентот, кој се соочува со тероризмот, изјави вчера на самитот на ЕУ во Брисел полскиот премиер Беата Шидло.

- Убедени сме дека Европа мора да стори повеќе за безбедноста, како надворешната, така и внатрешната, која се наоѓа под заканата од тероризмот, рече таа.

- Ние сме на ставот дека е дојдено време за поефикасна борба против тероризмот, изјави Шидло.

- Полска е подготвена за јакнење на европската одбранбена политика, рече таа, како и дека оваа политика „треба да одговара на предизвиците кои доаѓаат како од југ, така и од исток.