-->
-->
Шидло: ЕУ се соочува со криза, потребни се реформи
-->
Европската Унија се наоѓа во сериозна криза, поради што не е способна да изгради консензус за клучни прашања, изјави денеска премиерката на Полска, Беата Шидло говорејќи по повод блокадата на Трговско-економскиот договор (ЦЕТА) меѓу Канада и ЕУ, јави ТАСС.
- Во овој случај, ние говориме за ЦЕТА, но за мене е многу поважно тоа што не можеме да ја ратификуваме спогодбата за асоцијација на Украина, затоа што Холандија на референдум се изјасни против тоа, изхави Шидло.
Таа нагласи дека сето това претставува потенцијален проблем за иднината на ЕУ и го потврдува ставот на Полска, дека по Брегзитот, Унијата има потреба од длабоки и широки реформи.
- Доколку блокот не се реформира, такви кризи ќе продолжат да се повторуваат, предупреди Шидло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата