Спорт плус
4. October 2020 - 12:52

Шевченко и Гега победници на „Скопскиот маратон“

Украинецот Серхиј Шевченко во машка конкуренција и албанската атлетичарка Луиза Гега кај женска се победници на овогодинешниот „Скопски маратон“.

Шевченко постави време од 2;22:49 часа, додека Гега ја помина трасата за 2:35:34 часа.

Кај мажите втор заврши македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски со време 2:31:16 часа, додека третото место му припадна на српскиот маратонец, Кристијан Тошиќ, кој патеката ја мина за 2:39:37 часа.

Во полумаратонската трка во женска конкуренција победи нашата Миљана Ристиќ со време 1:26:31 часа, а кај мажите на оваа дистанца најдобар беше македонскиот атлетичар Атанас Анчевски, со време од 1.14.09 часа.