Живот
17. May 2016 - 19:06

Шетал покрај обалата и нашол писмо во шише - Пораката го растажи истиот момент

Стив Мершон го сака својот живот покрај плажите. Многу често ги фотографира призорите од кои можете да останете занемени, од заоѓањето на сонцето до флората и фауната која го обиколуваат.

Неодамна шетајќи по песокот пронашол стаклено шише, а во него воочил самотано парче лист со некаков текст. Ракописот изгледал детски па одлучил да ја прочита пораката.

„Драг Даниел. Многу ми е жал што почина сега да си жив ќе игравме фудбач и кошарка со Мет, Оскар и Бренд. Сега сум сам во 5то одделение а ти ми беше мојот најдобар пријател, нашата најсакана песна беше „Austin Moon“ и се надевам дека сега се забавуваш со Исус. Твојот најдобар пријател, Џонатан Торес.“

Тогаш Стив одлучи да одговоли на ова мало момче па напиша:

Драг Џонатан

Моето име е Стив и го пронајдов твоето писмо во шишето. Пред се, сакам да ти кажам дека ти си силно момче бидејќи си напишал многу убаво писмо до твојот пријател. Во него покажуваш многу повеќе од љубов што некој би можел да го има на твои години.

Твоите родители, наставници ја и сите мои пријатли кои знаат дека сум го пронашол писмото се многу горди на тебе. Даниел имал среќа што те имал токму тебе. Многу ми е жал што починал. Сигурен сум дека Даниел сакал да знаеш како тој и Исус навиваат за тебе кога играш фудбал. Можеби наредниот гол можеш да го посветиш на својот пријател Даниел.

Се надевам дека писмото ќе го види и некој друг и ќе го покаже на своите пријатели да видат што е навистина другарство.