Живот
10. August 2019 - 14:19

Шетал низ шума кога налетал на гризли: Мечката се залетала во него и тогаш се сетил како може да го победи ѕверот

Канаѓанецот Колин Даулер возел велисипед низ зафрлениот шумски предел во Британска Колумбија, а сакал да истражи и можни рути за планинарење. Иако мислел дека на овој пат ќе биде сам, наскоро пред него излегло гризли.

Во почетокот се надевал дека тој, како и повеќето мечки, ќе сака да избегне контакт со луѓе, и ќе си продолжи по својот пат.

Размислувал дали да се врати назад, да го заобиколи мечокот или да остане во место, но животното одлучило да се залета право на него.

„Се обидов сам да побегнам. Тој брзо ме стигна, па го гаѓав со велосипедот“, рече Даулер.

Потоа се обидел да се прави мртов. Додека неподвижен лежел на земја се сетил на својата последна надеж, малото ноже во џебот. Татко му му го подарил само две недели пред тоа.

„Го дофатив можот најмирно што можев, а тогаш веќе можев да го почувствувам здивот на гризлито. Ги зари забите во мојата нога. Почуваствував како забите му удираат во мојата коска. Го бодев со сечилото во глава, а потоа успеав да го забодам во вратот. Тој нож ми го спаси животот“, раскажа тој.

Иако тешко ранет, успеал да го најде својот велосипед. Возел 7 километри до најблискиот камп каде изгубил свест. За среќа, тука имало неколку кампери кои знаеле права помош и така му го спасиле животот. Канаѓанецот е префрлен во болница каде се опоравува.