Македонија
7. јуни 2020 - 16:27

Шестмина заболени во Липково, пет во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово регистрира 11 новозаболени од Ковид-19, од кои шест во општина Липково, петмина во Куманово.

Директорот на Центарот за јавно здравјед-р Ариф Љатифи изјави дека заболените од Липково се од познати кластери.

-Денеска се извршени 50 тестирања во Липково, дваесетина во Куманово, изјави Љатифи.