Шестмина новозаразени од Ковид-19 во Албанија, најмалку во последните денови
Во Албанија, во последните 24 часа регстрирани се шест новозаразени со коронавирус, од тестираните 182 сомнителни случаи.
Бројот на новозаразени денеска е најмал во последните денови, што влева надеж дека состојбата се стабилизира, оценуваат надлежните и апелираат на строго почитување на мерките и препораките на Владата.
-Со новите шест случаи, вкупниот број на заразени се зголеми на 383 од вкупно тестираните 2.753 сомнителни случаи. Во текот на изминатите 24 часа, на списокот на излекувани се додадени уште 15 пациенти, со што бројот на излекуваните од Ковид-19 достигина 131 лице.За жал, починати се 22 лица, изјави Силва Бино од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека во моментов во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана се хопстализирани вкупно 74 пациенти, 11 од нив се на интензивна нега, додека тројца се интубирани.
Најголемиот број од заразените се од Тирана или 181,Скадар 44 и Драч 38 лица.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо