Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп
По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска донесе пресуда за лицето С.М., и го огласи за виновно за сторено кривично дело - Примање награда за противзаконско влијание.
Откако и обвинетиот го призна делото, Судот ги прифати аргументите изнесени во обвинителниот акт, и на лицето му изрече затворска казна во траење од шест месеци.
Како што соопштија денеска од Основното јавно обвинителство, надлежен јавен обвинител очекува да ја добие пресудата по што ќе ја разгледа и ќе донесе одлука дали ќе поднесе жалба по однос на времетраењето на изречената санкција.
- Лицето беше обвинето дека на 27 февруари годинава, во службените простории на општина Шуто Оризари, како возач вработен во Одделението за правни работи, Сектор за правни работи, административни работи и локален економски развој во Општината, со искористување на своето претпоставено влијание на друг начин, влијаел врз сведок, вработен како администратор во Одделението за урбанизам при општина Шуто Оризари задолжен за изготвување документи во постапка за легализација на бесправно изградени објекти, да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши – изготвување на целокупната документација за утврдување правен статус на бесправно изграден објект - куќа, изградена во јуни 2017 година, соопштуваат од Основното јавно обвинителство.
Ваквото дејство било спротивно на условите во Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои под статусот на легализирање на бесправно изграден објект подлежат објектите изградени пред донесување на законот кој стапил на сила на 3 март 2011 година.
За услугата обвинетиот примил награда од оштетено лице, на кое му се претставил како секретар во Општината, во износ од 1.000 евра, во денарска противвредност.
Преостанатиот дел од 1.500 евра обвинетиот требало да го прими по изготвувањето на решението за легализација на објектот. Оштетениот се посомневал во законитоста на постапката и настанот го пријавил во полиција.
На 27 февруари годинава по приемот на документите неопходни за легализација, оштетениот на обвинетиот, по негово изрично барање, му предал 1.000 евра во банкноти кои биле претходно криминалистичко-технички обработени. При извршен личен преглед од страна на овластени полициски службеници обележаните банкноти му биле пронајдени и одземени.
На обвинетото лице првично во текот на постапката му беше изречена мерка притвор, која со одлука на Апелацискиот суд Скопје по жалба на обвинетиот беше заменета со хипотекарна гаранција со недвижен имот во вредност од 197.104 евра, како и мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела