Балкан
8. April 2016 - 9:33

Шести ден по убиството на Јелена: Полицијата го бараше убиецот и на погребот

Сеуште се трага по убиецот на Јелена Крсмановиќ кој ја усмрти со 30 удари од дрвена палка по главата. Полицајците како цивили стоеја на погребот на Јелена и го бараа убиецот, бидејќи постоела можност личноста која ја убила, а за која се претпоставува дека ја знаела Јелена, да била на самиот погреб за да го прикрие грозоморното убиство.
 
Полицијата и специјалците интензивно трагаат низ повеќе места. Шести ден по грозоморниот чин се проверени неколку куќи во населбата Црвенка, која е најблиску до местото на злосторството. 
 
Профил на убиецот: Нарцис кој убива од омраза
 
Криминологот Златко Николиќ тврди дека се работи за злосторство до страст, што потврдуваат и резултатите од обдукцијата.
 
– Според она што го видов, нема место за паника, ова е убиство од страст со огромно количество омраза, зашто вака убиваат главно оние на кои им е криво огледалото, односно оние на кои им е невозвратено нешто за што сметаат дека имаат право и дека им припаѓа, објаснува криминологот Златко Николиќ.
 
Тој додава дека луѓето како несреќната пејачка се предодредени да бидат жртви, зашто се експонирани на социјалните мрежи и нагласува дека убиството на Јелена било планирано и одработено со голема омраза.
 
Според профилот што го изработи криминологот, убиецот ги има овие карактеристики:
 
– нарцисоиден
 
– на возраст од 25 до 45 години
 
– го следел движењето на Јелена
 
– ѝ ги знаел навиките
 
– најверојатно лично се познавале
 
– веројатно немал помагач