Шестгодишно момче направи сладолед вреден 2.000 долари
Шестгодишниот Нихал Раџ од Индија, кој стекна огромна популарност на Јутјуб заради својот рецепт за сладолед, доби 2.000 долари за авторски права од Фејсбук.
Детето познато под прекарот Кича, готви од својата четиригодишна возраст, а дарбата ја наследил од својата мајка, која е професионален пекар. Момчето има и сопствен блог, а од 2015 година своите рецепти ги објавува и на каналот Јутјуб. Видеата најчесто се кратки и опишуваат едноставни рецепти за слатки.
На почетокот, Кича своите видеа ги снимал со смартфон, а потоа почнал да употребува и професионална камера. Својата слава тој ја стекна по видеото на кое прави „Мики Маус Манго“ сладолед, за кој Фејсбук потоа ги откупи правата.
- Но, тој сепак не е професионалец, рече неговиот татко во една прилика.
Родителите сепак внимаваат нивниот син да не троши повеќе од два часа на ден на своето хоби.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација