Македонија
15. August 2018 - 14:38

Шестчлена банда од тетовско крадела се што ќе стигне, од цигари до автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ. (39), Д.И. (29), Р.А. (31), Д.Х. (39), Ф.А.(45) и Ќ.О. (69), сите од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела: седум „тешки кражби“, од кои три во обид, три „одземање на моторно возило“, две „кражби“ и едно дело „прикривање“.

Во периодот од април до јуни 2018 година на подрачјето на Тетово, прво и  второпријавениот од куќи, колонијални продавници и патнички возила одзеле златен накит, пари, мобилни телефони, цигари и други производи.

После тоа, дел од предметите ги продале на четврто, петто и шесто пријавените кои знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела. Ј.Ќ., исто така, одзел и три патнички возила кои биле оставени со клуч на бравата, по што две возила продале во отпад, а едното го оставил на улица. 

Со ваквите дејствија пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 537.500 денари.