Македонија
18. October 2017 - 9:00

Шест сообраќајки во Скопје - повредени четири лица

 Четири лица се полесно повредени во четири од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а две поминале со материјална штета.
 
Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои двајца возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, како и шест возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано Затекнати биле 27 непрописно паркирани возила.
 
Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 58 возила.
 
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ООУ „Јахија Кемал“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.