Шест сообраќајки во Скопје
Две лица се потешко повредени во две од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со полесни повреди се здобиле две лица, а во три е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 21 возач кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, како и 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 38 непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 36 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 83 возила.
Денеска ќе се одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Кирил и Методиј“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада