Балкан
11. April 2021 - 18:40

Шест слободни кревети на интезивна нега во болниците за пациенти со Ковид-19 во Романија

Во Романија, во моментов има само шест слободни кревети на одделите за интензивна нега за пациенти со Ковид-19. Тоа го изјави рече министерот за здравство Влад Воикулеску, јавија романските медиуми.

Во моментот на интензивни одделенија со Ковид-19 се лекуваат рекорден број пациенти од почетокот на пандемијата – 1.531 – според податоците објавени од Групата за стратешка комуникација. Вкупниот број на хоспитализирани е околу 13.500.

Во изминатите 24 часа, 129 пациенти со Ковид-19 починаа во државата. Бројот на смртни случаи од тој вирус во Романија изнесува над 25.000 од минатиот февруари досега.