Шест седмици по ред паѓа цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата на светските берзи паднаа и минатата недела, шеста седмица по ред, бидејќи трговците стравуваат дека омикрон варијанта на коронавирусот може да предизвика повторно затворање на економиите, а со тоа и пад на побарувачката на нафта.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за речиси 4 отсто, на 69,88 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 2,8 отсто на 66,26 долари.
Ова е шеста недела по ред како цените паѓаат, што не е забележано од ноември 2018 година. Откако кон крајот на октомври достигна највисоки нивоа во последните три години, цената на нафтата се намали за околу 18 отсто.
Цените на нафтата се под притисок и поради одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, да продолжат да го зголемуваат производството во јануари, според планираното, за 400.000 барели дневно, и покрај појавата на нови варијанти на коронавирус.
Сепак, водечките светски производители на нафта ја задржаа можноста за промена на политиките на краток рок, доколку владите со рестриктивни мерки се обидат да го спречат ширењето на омикрон а со тоа се наштети на побарувачката, па затоа најавија можност за повторна средба пред почетокот на следната година.
„Има многу причини за падот на цената на нафтата, вклучувајќи го и порастот на инфекциите со коронавирус, одлуката на ОПЕК да опстои на планот за зголемување на производството во јануари и разочарувачкиот извештај за вработеноста во САД“, рече Боб Јавгер, директор на пазарот за енергетика на компанијата Мизухо.
Во петокот беше објавено дека бројот на вработени во САД минатиот месец се зголемил за 210.000, значително помалку од еден месец претходно и помалку од очекуваните 530.000.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок