Македонија
14. April 2020 - 16:50

Шест починати, 54 нови случаи на заразени со корона вирусот

6 лица починаа од корона вирус во последните 24 часа. 4 лица над 60 годишна возраст починале на Инфективната клиника и двајца хоспитализирани во 8 Септември. Со ова бројката на починати од вирусот се искачи на 44 лица.

Изминатото деноноќие се потврдени и 54 новозаразни, со што вкупниот број на регистрирани досега е 908.

Најголем дел од новозаразените 25 се од Куманово. 13 се од Скопје, 10 од Прилеп, двајца од Велес и по 1 од Штип, Гостивар и Кичево. 

Од здравство информираат и дека со два негативни теста и во добра здравствена состојба од Инферктивна се испишани 10 оздравени пациенти и 32ца кое се лекувале во домашни услови.

Неофицијално помеѓу новозарзените со корона вирус е и вработен на Детската клиника како лаборант. Според информации на Сител, утрово биле тестирани поголемиот дел од вработените на клиниката, по што ќе биде познато колку од нив ќе бидат во карантин и како ќе се реорганизира работата на Детска клиника. Детали оттаму најавуваат до крајот на денот.