Македонија
17. јуни 2020 - 16:54

Шест медицински сестри од штипската болница во самоизолација

Шест медицински лица од одделението за неонатологија следните 14 дена ќе бидат во домашна самоизолација, поради контакт со медицинска сестра позитивна на Ковид 19. Во 24 часовната смена додека сестрата била на работа на одделението имало 7 родилки.

Сите 7 се третирани. Дел се од Штип, дел од околните градови. Од страна на надлежните епидемиолози дадени се препораки и тие ќе постапуваат согласно препораките на епидемиолозите во наредниот период - изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница-Штип.

Заради вакви ситуации, работата е организирана што е можно помалку вработени да бидат во иста смена.Затоа сега останатите 2-3 екипи кои што ги имаме, кои си беа дома, ќе настапат на нивно место и тоа е еден од начините да се заштитиме од масовна инфекција на здравствените работници- додаде Георгиев

Поради мерките и препораките на Владата, клиничка болница уште од почеток на епидемијата остана без 10 % од медицинскиот кадар.

Поради хронични болести, бременост или чување на деца до 10 години ние уште во старт имавме околу 40 вработени кои што ја искористија оваа мерка и ден денес тие се дома-изјави Георгијев

Во првиот пик позитивни беа 6 здравствени работници од клиничка болница, а 16 заминаа во изолација. Сега се 4 со потврдено присуство на корона вирусот, две медицински сестри и двајца медицинари од физикална терапија.