Балкан
31. August 2017 - 8:58

Шест лица се повредени во експлозија во турскиот округ Измир

Во експлозија што се случи кога автобус со затвореници минувал покрај контејнер за отпад во турскиот округ Измир, повредени се најмалку шест лица.

Електронското издание на весникот „Милиет“ објави дека експлозијата се случила во градот Боџа. 

Турската полиција врши истрага на местото на инцидентот.