Македонија
9. April 2017 - 19:51

Шест лица повредени во три сообраќајки во Тетовско

Шест лица се повредени,  а причинета е и голема материјална штета во три одвоени сообраќајни незгоди што вчера и денеска се случиле на патиштата во Тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Со четири повредени лица завршила сообраќајната несреќа што денеска околу 16 часот се случила на автопатот Гостивар-Тетово кај бензинската пумпа Нептун. Во несреќата учествувале три возила - БМВ со гостиварски регистерски таблички што го управувал Г.Г.(30), товарно возило комби Ситроен исто така со гостиварски таблички управувано од Ш.Ш.(50) и кое по судирот со автомобилот удрило во товарно возило ФАП што било во движење и што не застанало туку заминало од местото. Во сообраќајката најпрвин се судриле автомобилот БМВ  и Ситроенот комби при што со полесни телесни повреди се здобил возачот на БМВ-то додека сопатниците - неговата сопруга З.Г.(29) и двете малолетни деца, девојчето на четири години и момчето на седум годишна возраст, се здобиле со потешки телесни повреди. Сите биле префрлени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош возачот бил пуштен на домашно лекување додека сопругата со двете деца поради сериозноста на повредите со возило на Прва помош биле префрлени на скопските клиники. Увид на местото од сообраќајкта по овластување на јавниот обвинител извршила екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, карактерот на повредите кај сите лица и вкупната материјална штета.

Единаесетгодишен малолетник од тетовското село Порој бил повреден откако вчера околу 15 часот и 40 минути го удрил Голф со тетовски регистарски таблички управуван од Б.Ш.(25) од Теарце. Несреќата се случила на регионалниот пат Јажинце Тетово кај Порој и повредениот малолетник со истото возило што го удрило бил пренесен во тетовската клиничка болница каде бил задржан за лекување. И тука по увидот на полицијата треба да утврди точната причина и се друго поврзано со оваа сообраќајка.

Последното повредено лице било последица на сообраќајната несреќа што вчера околу 21 часот се случила на локалниот пат во селото Нераште. Се судриле Опел Вектра со тетовски регистарски таблички управуван од С.А.(47) од Нераште и Рено Клио исто така со тетовски таблички  што го управувал неговиот соселанец Х.Е.(37). Притоа со телесни повреди се здобил 37-годишен сопатник од Рено- то кој откао добил лекарска помош во тетовската болница бил пуштен на домашно лекување. Според досегашните информации од полициската истрага причина за оваа сообраќајка било недржење страна, а вкупната материјална штета се проценува на околу четириесет илјади денари.ас/19:05