Македонија
26. February 2018 - 11:08

Шест лица повредени во сообраќајка на надвозникот кај Даме Груев

Шест лица од кои три потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 17:55 часот на надвозникот во скопската населба Даме Груев.

Од МВР информираат дека вчера во 17:55 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје се случил судир помеѓу патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (60) од скопското село Орман и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К. (49) од Скопје.

- По судирот, возачите Д.Т. и К.К. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување. Сопатникот од возилото „Опел астра“- А.Т. бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување, се наведува во полицискиот билтен.

Со телесни повреди во сообраќајката се здобиле и педесет и шестгодишниот Б.Т. и 10-годишно дете кои биле сопатници во возилото „Опел астра“, како и 15-годишна сопатничка во возилото „Хјундаи“. По укажаната помош во Градската општа болница „8 Септември“, тие биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.