Свет
22. December 2016 - 10:51

Шест лица повредени во експлозија во Москва

Шест лица се повредени во експлозија на плинска боца во еден од коридорите на метростаницата „Коломенскаја“ во Москва, соопштија московските истражни власти. 

Гасот експлодирал за време на ремонт на метростаницата. Двајца од повредените се хоспитализирани. 

Според податоците на московската канцеларија на Министерството за вонредни состојби експлозијата на боцата со гас предизвикала пожар, кој е изгаснат.

Инцидентот не влијаел на работата на метрото.