Свет
5. јуни 2016 - 18:13

Шест лица повредени при пукање во автобус во Франција

Шест лица беа повредени синоќа кога автобус со 75 чешки туристи се најде под оган на автопат во Франција, соопшти судски извор, пренесува БТА.

Инцидентот се случил синоќа, околу 22,30 часа, кога враќајќи се од Шпанија кон Чешка, автобусот се наоѓал на околу 130 километри јужно од Лион.

Шестмината патници се повредени од скршени стакла. Една жена е со сериозна повреда на окото.

Првите податоци на истрагата покажуваат дека бил еден стрелец  и користел ловечко оружје.