Македонија
16. October 2015 - 17:40

Шест кандидати ја започнаа обуката за пилоти

Го направија првиот чекор на патот кон височините и животните соништа ги преточија во реалност. Шест кандидати за пилоти кои ги минаа сите елиминациони филтри, компјутерските симулации и управувачи ги заменија со вистински.

Според министерот за одбрана станува збор за внимателно селектирани кандидати од петата генерација кои заслужено добија животна шанса да станат пилоти.

Можноста да се обучуваат во Центарот, за пилотите треба да претставува гордост бидејќи станува збор за професија која е ценета во целиот свет.

Македонскиот Центар за пилоти според многумина прераснува во меѓународна институција за обука според највисоките стандарди. Покрај досегашното обучување на домашни и регионални пилоти, во следниот период се планира и обука на хеликоптерски пилоти од повеќе НАТО држави.