Фудбал
28. January 2018 - 10:21

Шест гола на дуелот Вињареал – Сосиедад

 
 
 
 Љубителите на фудбалот присутни на стадионот „Ел Мадригал“ имаа можност да проследат ефикасен меч во во кој фудбалерите на Виљареал – Сосиедад постигнаа шест гола, а победа забележа домашната екипа со 4-2. 
 
Целата работа домаќините ја завршија во првиот дел во кој постигнаа четири гола. 
 
Серијат ја почна Виктор Руиз во 5.минута, а Пабло Форналс во 17-тата зголеми на 2-0, додека три минути подоцна (20) Карлос Бака го постигна третиот гол. 
 
Гостите намалија преку Диего Љоренте во 24.минута, но Саму Кастиљехо во 34-тата одново и носи предност на „жолтата подморница од три гола (4-1). 
 
Во вториот дел Жозе Вилиан (58.минута) само го ублажи поразот на 2-4. 
 
 
Со новите три освоени бода и вкупно 37 Виљареал се зацврсти на петото место на табелата, на која двете водечки екипи Барселона и Атлетико Мадрид денеска ќе ги одиграат своите средби од ова коло, во кои ќе бидат домаќини на Лас Палмас одноносно Алавез.