Македонија
6. August 2022 - 21:15

Шест години по големата поплава, дали се променија навиките?

Пластични шишиња, делови од играчки за деца па дури и теписи можат да се најдат во каналот чија намена е да го заштити Стајковци од нова поплава. Жителите на селото велат дека и од нивната одговорност зависи дали ќе повтори 2016та кога загинаа дваесетина луѓе.

Според жителите, главниот канал во кој денеска повторно има смет, бил чистен пред околу еден месец.

За експертите, клучно во заштитата од поплави, е редовно чистење на каналите, но велат, тоа треба да е плански.

Невремето кое резлултираше со огромна поплава на Стајковци беше прогласено за метеоролошки феномен.