Македонија
25. јуни 2021 - 16:45

Шест фирми опоменати зашто работниците им работеле на најтоплото време

6 градежни фирми ги прекршиле препораките за заштита од топлотниот бран. При контрола, трудовите инспектори им укажале на работодавачите  да не ги држат работниците на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Но и покрај укажувањето повторно биле затекнати како ја прекршуваат мерката. На работодавачите им е изречена забрана за работа која важела само за вчерашниот ден.  Ако и денеска го повторат истото ќе добијат прекршочна пријава и казна во висина од 500 до 4000 евра.

Во текот на вчерашниот ден извршени се вкупно 46 надзори на ниво на цела држава. Изречени се 6 забрани за работа, една во Скопје, 2 во Кавадарци и 3 во Неготино.

Токму овие преопраки треба да го спречат штетното влијание од топлотниот бран врз здравјето на граѓаните. Од скопската Брза помошт велат дека од околу 80 интервенции во изминатите 24 часа, скоро сите се поради симптоми предизвикани од високите температури.

Топлотo време ќе се задржи и во наредните денови. Здравствените власти препорачуваат да не се излегува на отворено во периодот кога е наjтопло, да се внимава на храната што се конзумира и да се носи лесна адекватна облека.