Loading Video...
Ракомет
6. August 2018 - 18:44

Шест екипи од странство на ракометниот турнир „Струга 2018“

Одлична програма за овогодинешното издание на  ракометниот турнир Струга 2018. Најавен е настап на 6 екипи од странство а во рамките на турнирот ќе се одигра и македонскиот Суперкуп помеѓу Вардар и Металург.

             

            Овој настан кој е закажан по 46-ти пат ќе се одржи на 18. Ти август во Струга на брегот на Охридското езеро. Организатор е РК Струга  со  помош на АМС.  

           

            Првиот човек на струшкиот клуб, Наумче Мојсовски изјави дека целта е да се подигне нивото не само на турнирот туку воопшто и на ракометот во Македонија.

             

            Екипите учеснички на турнирот ќе бидат поделени во две групи. Во првата се Еурофарм, Цеље,Бешикташ и Тулуз додека во втората ќе играат Струга, Железничар, Констанца и Алингсас.