Шеснаесет египетски полицајци убиени во престрелка со исламистичка група
Најмалку 16 египетски полициски офицери биле убиени денеска во престрелка со исламистичка група во областа Бахрија во западната египетска пустина, јави турскиот весник Дејли Сабах.
Според весникот, египетските безбедносни сили нападнале упориште на исламистичката група Хасм, за која се смета дека е поврзана со Муслиманското Братство и дека стои зад серија напади врз полициски команданти и судии. Исламистите се обиделе да побегнат од полицијата, но дел од нив пружиле отпор при што се развила пресметка со полициските засилувања. Групата користела и бомби во пресметката со полицијата.
Стотици војници и полицајци се убиени во неколкугодишните судири со Муслиманското Братство, група која дојде на власт по Арапската Пролет во 2012 година, но беше соборена по државниот удар во 2013 година.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра