Шешељ: Се надевам дека мојата поддршка за Трамп ќе биде пресудна
Лидерот на СРС Воислав Шешељ изјави денеска оти се надева дека неговата поддршка ќе биде пресудна за победа на Доналд Трамп на овогодинешните претседателски избори, јави Танјуг.
Шешељ така реагираше на информацијата поради тоа што колумнистот на „Бостон глоуб“ Алекс Беам го стави во „ВИП личностите кои го поддржуваат претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп.
- Уверен сум дека сите Срби кои живеат во Америка ќе гласаат за него, но и многу други Американци, кои ги ценат моите политички погледи и идеологијата која ја застапувам, рече Шешељ.
Запрашан зошто смета дека победата на Трамп би донела нешто позитивно за Србија, Шешељ рече дека Трамп јасно и гласно го осудил бомбардирањето на Србија и оти во кампањата се однесува како српски пријател.
Ново на Сител
-
ОН: Стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје
-
Бајден побара проценка за заканата од насилен екстремизам во САД
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни
-
226 санкционирани возачи во Скопје, 11 за брзо возење, 19 без возачка
-
Мирен протест на навивачката група Гемиџии
-
СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција, 23.01.2021
-
Енди Мареј нема да настапи на Австралија Опен
-
МЗТ Скопје убедливо поразен од Слобода Ужице во АБА 2