Џет-Сет
23. јуни 2017 - 12:12

Шерон Озборн ја шокирала внуката порачувајќи и стриптизер

Сопругата на Ози Озборн, Шерон Озборн (64) и најмила стриптизер на внуката за моминската вечер, но тоа на девојката не и се допаднало. 

- Таа плачела и се тресела од голем шок, раскажа жената на пејачот Ози Озборн (68).

- Тој се соблече гол и дојде зад неа. Го стави половиот орган на нејзината глава и го замота во нејзината коса, објасни Озборн.

Двојката Озборн неодамна ги обновија брачните завети во хотел во Лас Вегас, според желбите на Шерон. На церемонијата биле нивните три деца, како и најблиските роднини и пријатели. 

Шерон и Ози во брак се 34 години.