Фудбал
4. November 2015 - 9:09

Шерингем се враќа на терените

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Теди Шерингам се враќа на фудбалските терени, иако има 49 години.
Шерингам, кој во моментот е менаџер на англискиот четворолигаш Стивениџ, се регистрирал и како фудбалер и би можел да заигра веќе ова среда во Хертс Сениор купот против Велвин Гарден Сити.
Шерингам за време на својата кариера седум години го носеше дресот на Тотенхем, четири на Манчестер Јунајтед, а играше и за Милвал, Вест Хем, Портсмут и НОтингем Форест. За репрезентацијата на Англија има 51 настап, постигнувајќи 11 голови. Играчката кариера ја заврши 2008  на возраст од 42 години.
Доколку Шерингам и настапи оваа недела, сепак нема да го собори рекордот на Стенли Метјус, кој во 1965 година настапи за Стоук, пет дена откако го прослави 50-сеттиот роденден.