Шенжен: Плишкова закажа финале со Барти
Каролина Плишкова на крајот имаше повеќе нерви за да ја совлада Симона Халеп со 6:0/2:6/6:4 во последниот меч по групи на ВТА финалето во Шенжен и да постави полуфинале против светската тенисерка број 1, Ешли Барти.
Плишкова покажа апсолутна доминација во првиот сет против шампионката од Вимблдон, освојувајќи го за само 20 минути, но Халеп, како и секогаш, не се предаде и направи брејк во првиот гем од вториот сет за да израмни. 28-годишната Романка потоа ја презеде контролата и поведе со 2:0, но Плишкова успеа да се врати и да направи два брејка за 5:3 водство. Тука не беше крајот, откако Халеп направи уште еден брејк за 5:4, пред Плишкова конечно да го реши мечот.
„Беше навистина чудно – прво водев со сет, потоа губев со сет и брејк и на крајот бев среќна што успеав да ја победам. Имав среќа“, вели Плишкова.
Претходно, актуелната шампионка, Елина Свитолина го потврди своето место во полуфиналето со 7:5/7:6(10) победа над замената Софија Кенин, за да обезбеди дуел со Швајцарката Белинда Бенчич во полуфиналето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните