Македонија
23. March 2020 - 20:00

Шелтер центарот за заштита од семејно насилство во Струмица ќе работи и во услови на вонредна состојба

Шелтер центарот за заштита на жртви од семејно насилство во Струмица ќе работи и во услови на вонредна состојба. Од таму информираат дека нивните капацитети се подготвени и и ги охрабруваат жртвите доколку се најдат во ваква ситуација да не му дозволат на насилниот да ја користи вонредната состојба  и да трпат насилството врз нив, туку  веднаш да пријават.  На зголемениот ризик од семејно и интимно партнерско насилство поради вонредната состојба пред неколку дена  предупредија и д националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство. Од таму сметаат дека во такви услови за многу жени домот не е сигурно место за живеење.

Од центарот информираат дека во случај на потреба имаат доволно просторни услови да го зголемат бројот на легла. Дека семејното насилство постои потврдува и фактот што за помалку од два месеци во центарот веќе се сместени пет жртви кои биле принудени да ги напуштат нивните домови.

Освен сместување и храна за жртвите во шелтер центарот е обезбедена и неопходната психо социјална заштита од стручни лица.