Свет
17. January 2017 - 15:17

Шелинг очекува пет години преговори за Брегзит

Министерот за финансии на Австрија Ханс Јерг Шелинг очекува преговорите со Велика Британија за напуштање на ЕУ да траат подолго од две години.

На прес конференција во Виена, тој рече дека верува оти преговорите ќе траат пет години.

– Се уште никој не знае што значи воопшти Членот 50, изјави Шелинг. Додаде дека е нејасно и дали е можно да се преговара паралелно за напуштање на Лондон од ЕУ и за идна соработка.