Македонија
19. October 2018 - 16:36

Шеќеринска пред воените питомци: Македонија ќе биде членка на НАТО

Македонија вчера и официјално ги започна преговорите за членство во НАТО, а придобивките од нашето зачленување први ќе ги почуствуваат токму припадниците на АРМ, истакна министерката за одбрана Шеќеринска, на свеченоста по повод промоцијата и заклетвата на питомци во Воената Академија. Таа е оптимист дека успехот на АРМ во 27 годишното постоење на нашата држава, за која што се жртвуваа илјадници припадници на нашата војска треба да се круниса со успехот наречен - Македонија 30та членка на Северноатланската Алијанса.

Шеќеринска информираше дека во моментов со помош на НАТО тимови се работи на целосна модернизација на програмите и плановите за подготовка на сите идни кадри во овој домен.

На денешната свечена манифестација во Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” во чин потпоручник беа промовирани 26 питомци од Македонија, Црна Гора и Косово. Истовремено свечена заклетва дадоа 33 нови питомци.

Бранислав Јанески Сител ТВ